На првата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по затворање на гласачките места, членот на ИК Никола Србов кажа дека изборниот ден поминал со многу нерегуларности, за кои што изготвиле извештаи и ги информирале меѓународните претставници. Резултати воопшто не кажа со објаснување дека сè уште се обработуваат податоците.
„Изборниот ден помина со многу нерегуларности, се узурпираа државни ресурси, се носеа луѓе организирано на гласање. Во Охрид се појавија гласачки ливчиња од општина Карпош. Треба да бидеме среќни што нема нови жртви и повредени. За сите нерегуларности изготвени се извештаи и информирани се меѓународните претставници”, рече Србов.