Премиерот Зоран Заев очекува Македонија в година да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите за влез во ЕУ.
„Продолжуваме да бидеме пријател со сите пет соседи, но и предводници во градењето нов имиџ за Балканот пред светот. Конечно, очекуваме Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО. Очекуваме да добиеме чиста препорака за почеток на претпристапни преговори со Европската Унија“, рече Заев во новогодишното обраќање до граѓаните
Тој вели дека „Брисел знае дека имаме доволно добри аргументи за ова наше очекување“.
Премиерот повика на обединување за модерна и економски напредна Македонија.
„Реформата подразбира вклученост, на сите, за сите, без исклучок, по било кој основ. Сите мораме да го дадеме сопствениот придонес кон реформата и кон новото време за кое постигнавме општествен консензус: Нула толеранција за корупцијата и нула толеранција за кршење на човековите права – и ништо помалку“, рече Заев.