ВО 2025 ИМАЛО ПОМАЛКУ БОЛНИЧКИ ЛЕКУВАЊА ЗА СРЦЕВИ БОЛЕСТИ И ПОРОДУВАЊА, А ПОВЕЌЕ ЗА КАТАРАКТА И КОЛКОВИ, ВЕЛИ ФЗО

    ВО 2025 ИМАЛО ПОМАЛКУ БОЛНИЧКИ ЛЕКУВАЊА ЗА СРЦЕВИ БОЛЕСТИ И ПОРОДУВАЊА, А ПОВЕЌЕ ЗА КАТАРАКТА И КОЛКОВИ, ВЕЛИ ФЗОЗаменик-директорот на ФЗО Седат Бислими и директорот Сашо Клековски го презентираа Аналитичкиот извештај „Болничко лекување 2023–2025 година“. (Фото: СДК.МК)

    Во 2025 имало најмногу болнички лекувања во две подрачја: очните болести и болестите на мускулно-скелетниот систем, ​а имаме пад  на хоспитализација од 3% за циркулаторни и кардиоваскуларни болести, рече денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски, презентирајќи извештај за болничкото лекување во 2925 година со споредба со претходните две години.

    Во 2025 во 62 здравствени установи во Македонија се остварени околу 194.000 болнички лекувања. Просечното болничко лекување е малку под 5 дена. Го чинело здравствениот систем 32 милијарди денари и остварил сложеност на интервенции од 1,55.

    „​Најмногу разни болнички случаи имаме во две подрачја, тоа се очните болести и болестите на мускулно-скелетниот систем, над 20%. Тоа се должи на обидот да ги намалиме листите на чекање во очни болести за катаракта, а во другата категорија пак, најавените операции за колкови и слично. Растот на интервенции кај мускулно-скелетни и очни болести делумно е поради одлагањата на тие интервенции за време на ковид пандемијата кога се работеа само итни случа Имаме пад на хоспитализација од 3% за циркулаторни и кардиоваскуларни болести. Треба да видиме дали е тоа тренд на намалување на овие болести, што би нè радувало ако е така. И имаме пад на хоспитализациите поврзани со бременост и породување од 7,5%, што повторно е одраз на демографските промени што се случуваат“, рече Клековски.

    ​Според сложеноста на болничките случаи, хирургиите генерално се издвојуваат по комплексноста на работата и таа е споредлива со земји на среден европски развој.

    „Она што можам да кажам е дека имаме напредок во 9 од 12 општи болници, што е за поздравување. Од клиничките болници најголема сложеност покажува Клиничката болница Штип, а имаме најголем напредок во Клиничката болница Битола. И морам да ја издвојам Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’, која иако е општа болница, со овој ЦМИ индекс од близу 2 (индекс на сложеност),  има индекс кој е на клиничко ниво, на ниво на клинички центар. Значи, иако формално општа болница, нудат многу посложени интервенции“, додаде тој.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира