ВО ЧАИР УБИЕН 26-ГОДИШНИК, ДВАЈЦА НАПАЃАЧИ ПУКАЛЕ ОД МОТОЦИКЛ ВО ДВИЖЕЊЕ

    ВО ЧАИР УБИЕН 26-ГОДИШНИК, ДВАЈЦА НАПАЃАЧИ ПУКАЛЕ ОД МОТОЦИКЛ ВО ДВИЖЕЊЕСе пукало и во Кондово, Арачиново, Бит Пазар и Драчево, вели билтенот на МВР. (Фото:СДК.МК)

    Ноќеска на 6 септември пред полноќ, двајца напаѓачи од мотоцикл убиле 26-годишник во Чаир.

    Според информацијата од МВР, кое го расчистува случајот, жртвата заедно со уште петмина мажи, стоела пред излог на фирма во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчињски“ и „Војдан Чернодрински“. Одеднаш од мотор во движење почнал некој да пука.

    Убиениот има повеќе куршуми во телото. Тој починал со тешки повреди во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

    Не е познато дали има и други повредени, а ни мотивот за пукањето.

    Во билтенот на МВР за вчерашниот ден, стои дека се пукало и во Кондово, Арачиново, Драчево и на Бит Пазар.

    Од заталкани куршуми граѓани пријавувале оштетувања на коли, на олук на семејна куќа, а во Градска општа болница „8 Септември“ со повреда од огнено оружје е донесен Х.Р.(71) од с.Кондово, скопско. Според пријавеното, пред трговски центар на подрачјето на Општина Сарај, додека се движел накај неговото паркирано патничко возило, бил погоден од залутано зрно од огнено оружје.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира