ВО КИЧЕВО ПОБЕДИ АЛЕКСАНДАР ЈОВАНОВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    ВО КИЧЕВО ПОБЕДИ АЛЕКСАНДАР ЈОВАНОВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕКичевскиот лекар лекар Јовановски веќе слави на градскиот плоштад (Фото:Фејсбук)

    Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Александар Јовановски победи во Кичево според речиси целосно преброените гласови. Негов противкандидат беше досегашниот градоначалник Фатмир Дехари од ДУИ, односно од Националната алијанса за интеграција, поранешен припадник на ОНА.

    Во Кичево се радуваат дел од граѓаните, се собираат на градскиот плоштад.

    Со над 80 отсто пребројани избирачки места, Јовановски води со над 2.000 гласа.

    Во Општина Кичево има вкупно 51.016 избирачи во избирачкиот список, а гласале 26.169, односно излезноста била 51,34 отсто според податоците до 18.30 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира