ВО СОБРАНИЕ ПОМИНАА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 5.000 ДЕНАРИ

    ВО СОБРАНИЕ ПОМИНАА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 5.000 ДЕНАРИЛинеарното зголемување на пензиите беше изборно ветување на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: СДК.МК)

    Со 78 гласа „за“, Собранието денеска ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои што линеарно ќе се зголемат пензиите за 5.000 денари. Зголемувањето е по 2.500 денари во септември годинава и март догодина.

    Ваквото линеарно зголемување на пензиите беше изборно ветување на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

    За понатаму останува досегашната методологија за усогласување на пензиите со трошоците на живот двапати годишно (март и септември). Усогласувањето се прави според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи.

    Претходно на денешната седница заврши расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, за кој е потребно двотретинско мнозинство, но гласањето ќе биде дополнително.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира