Во Собранието денеска со свечен коктел беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста. Освен пратениците, таму беше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, поранешни претседатели на Собранието, началникот на Генералштабот и поглаварите на МПЦ и ИВЗ, меѓу другите.
Говор одржа претседателот на Собранието Африм Гаши.
„Денес, кога ја одбележуваме оваа годишнина од нашето државјанство, можам да ви тврдам дека пред нас се отвора нова развојна перспектива која доаѓа со новата генерација на политичари и јас сум силно убеден дека тоа ќе резултира со многустран успех. Северна Македонија во својот 33. роденден е земја членка на најмоќната безбедносна алијанса како што е НАТО, со што се гарантира мирот на нејзините граници, што е исклучително важно за секој проект. Додека е на добар пат да се приклучи на најуспешната унија на демократија, мир, човекови права и благосостојба, како што е ЕУ“, кажа Гаши.
По повод 8 септември – Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“.
Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје на 08.09.2024 година (недела), во 13:00 часот.