ВОЈНИЦИТЕ СЕ РАНЕТИ ПРИ ЧИСТЕЊЕ МИТРАЛЕЗ, ВЕЛАТ ОД ГЕНЕРАЛШТАБОТ НА АРМ

    ВОЈНИЦИТЕ СЕ РАНЕТИ ПРИ ЧИСТЕЊЕ МИТРАЛЕЗ, ВЕЛАТ ОД ГЕНЕРАЛШТАБОТ НА АРМДвајцата војници се во стабилна состојба, надвор од животна опасност. - Касарната во Тетово (архивска фотографија)

    Двајца професионални војници на АРМ се ранети денеска околу 10 часот во тетовската касарна „Кузман Јосифовски-Питу“ при чистење митралез, потврди Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

    „При чистење на оружје ’митралез‘ испукан е еден куршум при што со прострелни рани во надколеница и подколеница се повредени професионалните војници М.Ј и В.Ш.“, соопштија од Генералштабот.

    Повредените војници веднаш по инцидентот се пренесени во болницата во Тетово каде што се утврдени фрактури на коски и по првично санирање на повредите се префрлени на хируршка интервенција во Клиничкиот Центар во Скопје. Двајцата војници се во стабилна состојба, надвор од животна опасност.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира