ВОСПИТУВАЧКА ОД ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО КИСЕЛА ВОДА МЕЃУ НОВОЗАРАЗЕНИТЕ СО МАЛИ СИПАНИЦИ

    ВОСПИТУВАЧКА ОД ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО КИСЕЛА ВОДА МЕЃУ НОВОЗАРАЗЕНИТЕ СО МАЛИ СИПАНИЦИОд Министерството за здравство велат дека меѓу новозаразените со сипаници се седуммесечно бебе и воспитувачка од детската градинка „Весели цветови“ во скопската општина Кисела Вода. (Фото: СДК.МК)

    Воспитувачка од градинката во скопската Општина Кисела Вода е меѓу новозаразените со мали сипаници што се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

    Од Министерството за здравство велат дека во последното деноноќие има 4 нови потврдено случаи на заболени од мали сипаници (морбили), од кои две лица се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, а двајца се хоспитализирани на Инфективна клиника.

    „Станува збор за седум месечно бебе од Студеничани и 35 годишна воспитувачка од детската градинка ’Весели цветови‘ во Кисела Вода. Вакциналниот статус на воспитувачката е непознат. Сите што се хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, а во моментов на Клиниката има 26 пациенти заболени од оваа болест“, велат од одделението за односи со јавност на Министерството за здравство.

    Во пунктовите за вакцинација денес до 13 часот хоспитализирани се 185 лица, а од почетокот на епидемијата досега вкупно се вакцинирани 4.530 деца. Од Министерството за здравство повторуваат сите невакцинирани и деца и возрасни да се вакцинираат, оти тоа е најдобриот начин на заштита.

    „Ги повикуваме сите родителите чии деца не се вакцинирани да ги вакцинираат. Вакцините се комплетно безбедни, со проверен рок и од европски производител. Вакцинацијата е придобивка на современата медицина. Нашата одговорност се граѓаните и секојдневно се грижиме за нив“, велат од Министерство за здравство.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира