ВРАБОТЕНИТЕ ВО ШКОЛИТЕ ДА КОМУНИЦИРААТ САМО ПРЕКУ СЛУЖБЕНА Е-ПОШТА, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА ПО ЛАЖНИТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО ШКОЛИТЕ ДА КОМУНИЦИРААТ САМО ПРЕКУ СЛУЖБЕНА Е-ПОШТА, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА ПО ЛАЖНИТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ„МВР исто така постапува, ги смирувам граѓаните, сѐ е под контрола и сѐ ќе биде во ред“, рече министерката. (Фото: К. Попов)

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека лажните дојави за бомби кои утринава беа испратени до повеќе основни школи во Скопје, Штип, Кочани и Тетово биле испратени на приватни е-адреси, а не на службени и дека врабтотените не треба повеќе да користат приватна е-пошта..

    „По дојавите дека се поставени експолозивни направи во основните и средни училишта во државата, утрово во координација со повеќе институци формиравме меѓуресорка група за поефикасно справување со ситуацијата и преземање на мерки за одржување  на безбедноста на училишните објекти на соодветно ниво. Утрово одржавме состанок со претставниците на МВР и на неколку други институции кои се задолжени за јавната безбедност, претставници на министерството за информатичко општество и ФИНКИ. Сите дојави се лажни, направени се проверки во училишните објекти, а учениците се вратени на настава. Жалам што некој си поигрува со нашите деца и ја вознемирува јавноста“, рече Јаневска на прес-конференција.

    „Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од Министерството за образование и наука (МОН) чија безбедност ја подигнавме со двојна афтентикација, најавување, согласно европските безбедносни стандарди“, рече Јаневска.

    Јаневска кажа дека во случај на дојава за бомба, училиштата треба веднаш да пријават во Министерството за внатрешни работи (МВР) и да ги следат упатставата и протоколите.

    „Со ова им давам одговар на одредни училишта кои реагираа од ваквата потреба. Општините, под чија надлежност се училиштата, имаат исто така свои обврски, иако во најголем дел од училиштата има, препорачуваме согласно можностите да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видеонадзор. Самите училишта треба да се погрижат овој сензитивен период да бидат претпазливи околу тоа кој и како влегува во објектите, безбедноста не децата е на прво место, должност нан сите нас е да се погрижиме училиштата да останат мирна и хармонична средина. МВР исто така постапува, ги смирувам граѓаните, сѐ е под контрола и сѐ ќе биде во ред“, вели министерката.

    Од МВР велат дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.

    Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството. Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави.

    Во октомври 2022, речиси цел месец наставата во скопските средни училишта се одвиваше со прекини поради лажни дојави за бомби.

    Во Хрватска вчера имаше 85 дојави за бомби и евакуација на школи, а полицијата откри дека се лажни. Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божовиќ рече дека серверот е надвор од Хрватска и во тек е криминалистичко истражување и дека во истрагата вклучени се експерти по кибербезбедност и Европол.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира