ВРЕДИ ОСВОИ ЕДЕН ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТ ПОВЕЌЕ НА СМЕТКА НА ДУИ НА ПОВТОРЕНОТО ГЛАСАЊЕ ВО ШЕСТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

    ВРЕДИ ОСВОИ ЕДЕН ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТ ПОВЕЌЕ НА СМЕТКА НА ДУИ НА ПОВТОРЕНОТО ГЛАСАЊЕ ВО ШЕСТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦАKоалицијата на ДУИ падна од 19 на 18 пратенички мандати, израмнувајќи се со СДСМ. (Фото: СДК.МК)

    Коалицијата Вреди на здружената албанска опозиција освои уште еден мандат на повтореното гласање за парламентарните избори во шестата изборна единица, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК).

    Во шестата изборна единица се прегласуваше на едно избирачко место, во Желино. Сега, коалицијата на ДУИ падна од 19 на 18 пратенички мандати, израмнувајќи се со СДСМ. Вреди порасна од 13 на 14 пратенички места.

    Денеска се прегласуваше и на шест избирачки места во петтата изборна единица, но без промени во распределбата на пратеничките мандати.

    Така, ВМРО-ДПМНЕ има 58 пратеници, СДСМ и ДУИ по 18, Вреди 14, Левица 6 и ЗНАМ 6.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира