ЗА 24 ЧАСА ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ НЕКОЈ ОД ОБВИНЕТИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ЌЕ ОДИ ВО ШУТКА

    ЗА 24 ЧАСА ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ НЕКОЈ ОД ОБВИНЕТИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ЌЕ ОДИ ВО ШУТКАСЈО натовари едно комбе, како прва тура картонски пакети со докази и тие се веќе на пат кон Основниот суд Скопје 1. (Фото: СДК.МК)

    Специјалното обвинителство за 18 предмети поднесе 17 обвиненија против 94 физички и 7 правни лица. „Таргет“ и “Тврдина“, за нелегалното прислушување на илјадници граѓани, се споени во едно обвинение. Според поднесените барања за притвор, се работи за обвинети кои сториле кривични дела во областа на полнолетни лица, но и кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција. Оттаму по поднесувањата на обвиненијата и барањата за притвор денеска ќе треба да одлучуваат двата кривични совета во Основниот суд Скопје 1, и тој од одделот за кривични дела за полнолетни, и кривичниот совет во одделот за организиран криминал.

    И двата совета имаат рок од 24 часа да одлучат за секое од барањата за притвор. Обвинетите за кои ќе падне одлука за мерка притвор, ќе мора веднаш да бидат уапсени и спроведени во Шутка, зашто жалбата не го одлага извршувањето на мерката. Притворените може да се жалат пред надлежниот Апелационен суд Скопје.

    СЈО побара притвор за 18 лица, меѓу кои:

    За случајот „Титаник“, побаран е притвор Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.
    За случајот „Тендери“, побаран е притвор за Елизабета Канческа Милевска.
    За случајот „Тотал“, побаран е притвор за Драган Павловиќ Латас.
    За случајот „Траекторија“, побаран е притвор за Владимир Пешевски.
    За случаите „Тврдина“ и „Таргет“, побаран е притвор за пет лица, меѓу кои и Сашо Мијалков.

    СЈО натовари едно комбе, како прва тура картонски пакети со докази и тие се веќе на пат кон Основниот суд Скопје 1. На денешниот прес можеше во СЈО да се видат купишта кутии со копии од докази, во врска со поднесените обвиненија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира