Од 1 февруари паскапе венчавањето надвор од просториите на Управата за водење матични книги. За да дојде матичар и да ги венча младенците во ресторан или на друго место надвор од Управата, сега ќе се наплатува за 40 отсто повеќе.
Досега венчавањето во ресторан чинеше 3.765 денари во работни денови, а сега цената е 4.765. За викенд или во саботата и недела цената од 7.472 е се покачи на 10.484 денари.
Директорот на Управата за водење матични книги Емир Сулејмани вели дека цените се прават според Правилникот за работа донесен во 2013.
„Секоја година се врши зголемување или намалување на цените согласно просечната бруто плата во државата. Сакам да потенцирам дека станува збор за венчавки надвор, што се еден вид луксуз. Венчавање во простории на Управата и понатаму е бесплатно“, вели директорот Сулејмани.
Во Скопје во моментов нема репрезентативен објект за венчавки туку тие се одржуваат во руинирани објекти или обична канцеларија во која собира само 5 лица. После пандемијата на ковид-19 се укина венчавањето во Порта Македонија и оттогаш младенците можат да се веначаваат во канцеларија во просториите на Управата во поранешната зграда на „Комерцијална банка“. Венчавки се прават и во Матичното во Ѓорче Петров кое е целосно руинирано, со искршени прозорци и пропаднат покрив. Единствено реновирана е Матичната служба во Маџари.
А. АНТЕВСКА