ЗА ДА СИ ВРАТАМ ДЕЛ ОД ИЗГУБЕНИТЕ ЧЕСТ И УГЛЕД, БАРАМ СНИМКИТЕ ДА СЕ ГЛЕДААТ ЈАВНО, КАЖА ЗАЕВ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПОТКУП“

    ЗА ДА СИ ВРАТАМ ДЕЛ ОД ИЗГУБЕНИТЕ ЧЕСТ И УГЛЕД, БАРАМ СНИМКИТЕ ДА СЕ ГЛЕДААТ ЈАВНО, КАЖА ЗАЕВ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПОТКУП“Премиерот Зоран Заев утринава пристигнува во Основниот суд Скопје 1 за рочиште за случајот „Поткуп“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    На барање на обвинетиот премиер Зоран Заев во случајот „Поткуп“, в понеделник, во големата судница во Кривичниот суд, ќе се слушаат јавно во присуство на новинарите, снимките од посебните истражни мерки против него, спроведени од МВР и од Обвинителството.

    „Моите основни човекови права беа нарушени, со тоа што во јавноста излезе доказ од кривична постапка, кој со закон е забрането да излезе. На најмалку две места тие снимки што ги виде јавноста беа пресечени и изменети. Со цел да повратам дел од изгубените чест и углед, барам јавноста да остане во судницата и да ги слушне и види сите снимки“, кажа Заев.

    Обвинителката Валентина Бислимовска се противеше на предлогот, бидејќи иако ПИ-мерките биле декласифицирани, имало укажување од МВР дека важат строго само за судска постапка. Сведокот Иван Николов Сачевалиев, кој досега се нема појавено на судењата за „Поткуп“, бил денеска во Основниот суд Скопје 1. Но, на судењето не влезе, бидејќи на ред не беше сослушување на единствениот сведок.

    Судијата Дарко Тодоровски кажа дека во малата судница денес нема услови да се слушаат и гледаат снимките. Во понеделник ќе се сослушува и сведокот Николов. Судијката Добрила Кацарска најави дека ако не се стигне во работното време, постапката ќе трае ако треба и до 19 часот, бидејќи како што рече, Судот има таква пракса.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира