ЗА „ДЕНОТ НА ДРВОТО“, ЦЕНТАР ДОБИ 120 САДНИЦИ, ЃОРЧЕ ПЕТРОВ НАД 85 ИЛЈАДИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    ЗА „ДЕНОТ НА ДРВОТО“, ЦЕНТАР ДОБИ 120 САДНИЦИ, ЃОРЧЕ ПЕТРОВ НАД 85 ИЛЈАДИ

    Општина Центар обвини дека државата преку „Македонски шуми“ има различен аршин кон единиците на локална самоуправа, па, како што велат од општината, своеволно одлучува која општина колку садници ќе добие за зазеленување на просторот.

    Во соопштението од Општина Центар се посочува дека за денешниот „Ден на дрвото“, Општина Аеродром добила 22.770 садници, Општина Ѓорче Петров добила 85.293 садници, Општина Гази Баба добила 67.905 садници, а Општина Центар добила само 120 садници.

    „710 пати повеќе садници се пратени за садење во Ѓорче Петров, отколку во Центар, во општината во која власта и градот Скопје направија најбрутална сеча на дрвјата“, се додава во соопштението.

    Последните мерења на мерните станици за квалитетот на воздухот покажуваат дека Општина Центар е меѓу најзагадените општини во земјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира