ЗА КОНТРОЛА НА НЕУСПЕШНИТЕ ИСТРАГИ ПРОТИВ МЕРКО БИЛ ОДГОВОРЕН НЕГОВИОТ СОПАРТИЕЦ ОД ДУИ ЏЕЛАЛ БАЈРАМИ ОД РЕПУБЛИЧКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

    ЗА КОНТРОЛА НА НЕУСПЕШНИТЕ ИСТРАГИ ПРОТИВ МЕРКО БИЛ ОДГОВОРЕН НЕГОВИОТ СОПАРТИЕЦ ОД ДУИ ЏЕЛАЛ БАЈРАМИ ОД РЕПУБЛИЧКОТО ОБВИНИТЕЛСТВОПокрај надлежниот Џељал Бајрами од Републичкото обвинителство, одговорност за дозволените влијанија на Мерко врз истрагите за корупција против него, има Вишиот јавен обвинител на Битола (Фото: МИА/принтскрин)

    Координатор чија задача е да ја контролира работата на Јавното обвинителство на Струга каде се воделе неуспешни истраги против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, е неговиот сопартиец Џељал Бајрами од ДУИ, сега обвинител на највисокото место по хиерархија, во Републичкото обвинителство.

    Џељал Бајрами е поранешен министер за труд и социјална политика и заменик-министер за внатрешни работи, пред преку ноќ да стане обвинител.

    Премиерот Димитар Ковачевски праша: Како Америка на илјадници километри од тука видела корупција кај Мерко, а нашите органи не гледаат?

    Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој со синовите и сопругата е ставен на црната листа на САД, имал две-три истраги во Обвинителството за организиран криминал и корупција, а каква е нивната судбина, покажува фактот дека тој уште е на слобода.

    Покрај надлежниот Џељал Бајрами од Републичкото обвинителство, одговорност за дозволените влијанија на Мерко врз истрагите за корупција против него, има Вишиот јавен обвинител на Битола. Во моментов на тоа место е Пецо Везироски.

    Не е познато дали имало некогаш судење против Мерко, но Стејт Департментот вели дека се мешал во судски постапки. Координатор на Основен суд Струга е Миљазим Мустафа од Судскиот совет како претседател, а Ханиф Зендели и Лорета Георгиева биле членови на таа комисија.

    Ковачевски денеска ги прозва одговорните правосудни органи кои замижале пред корупцијата и влијанијата врз истраги и судски постапки од страна на корумпираниот струшки градоначалник. Координаторот во Стејт департментот за корупција Ришард Нефју изјави дека државниот секретар Ентони Блинкен има цврсти докази за корупција и влијанија на градоначлникот од ДУИ.

    „Наводите кои што се наведени како основ за ставање на црна листа на градоначалникот на Струга и неговото семејство се сериозни. Се работи за неколку основи и од тоа пораката е дека нашите институции, зборувам за истражните и правосудните органи, треба да ги испитаат наводите кои што се наведени во самото соопштение на Стејт департментот. Исто така тие треба да се запрашаат како тоа САД дошле до такви информации на кои што ја базирале својата одлука, а се наоѓаат на неколку илјади километри од тука, а нашите органи не дошле до такви податоци во текот на сите изминати години. Ова само уште еднаш потврдува дека на нашиот истражен и правосуден систем му треба генерален ремонт со оглед на тоа дека сакаме да живееме во европска држава“, кажа Ковачевски.

    Мерко имал првин три истраги пред нашите праводусни органи, од кои едната е за корупција при продажба на земјиште во сопственост на општина Струга. Таа истрага од ОЈО за организиран криминал е дадена на Обвинителство Струга, зашто бил оштетен буџетот на општината со таа коруптивна продажба.

    За другите предистраги против Мерко не се знае, бидејќи постапката била тајна.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира