ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ТРЕБА ДА СЕ ДОГОВОРАТ РАБОТНИЦИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ, ВЛАДАТА Е САМО ПОСРЕДНИК, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ТРЕБА ДА СЕ ДОГОВОРАТ РАБОТНИЦИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ, ВЛАДАТА Е САМО ПОСРЕДНИК, ВЕЛИ МИЦКОСКИСиндикатите бараат минимална плата од 600 евра. - Христијан Мицкоски (Фото: Влада)

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека прашањето за минималната плата треба меѓусебно да го решат работниците и работодавачите, додека Владата може да биде само посредник во тој дијалог.

    „Нашиот став е јасен, работниците и работодавачите се тие кои што во бипартитен дијалог треба да најдат решение за минималната плата. Владата, во рамките на Економско-социјалниот совет, е само фасилитатор, односно посредник. Како најголем работодавач, нашите односи со работниците се веќе регулирани. Останува уште оној мал дел од околу 7.700 до 7.800 административни службеници. Понудата е на маса и, доколку синдикатите се согласат, подготвени сме да ја прифатиме уште утре. Нашиот предлог предвидува дека за две години и два месеца од денеска, вработените во државната администрација ќе имаат примања повисоки за минимум 40 проценти“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на настан во Тетово.

    Неделава, на 28 јануари, во Скопје се одржа протест на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) со барање за минимална плата од 600 евра. Во моментов, таа изнесува 400 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира