ЗА ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ Е НАДЛЕЖНО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, ТОА НЕ НИ Е РАБОТА, ВЕЛИ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

    ЗА ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ Е НАДЛЕЖНО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, ТОА НЕ НИ Е РАБОТА, ВЕЛИ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИСтојанче Ангелов рече дека ако има потреба од поголем број сили за обезбедување на одредени објекти, тие можат да побараме од армијата да испрати повеќе луѓе за обезбедување.(Фото: ЦУК)

    Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов кажа дека главниот штаб за управување со кризи нема надлежност околу приватните болници, по денешната неколкучасовна седница, на која што бил утврден акциски план за превенција.

    „Што се однесува до другото прашање во јавноста, околу приватните болници, тоа е во надлежност на Министерството за здравство и не спаѓа во работата на главниот штаб“, изјави Ангелов по состанокот, втор на главниот штаб по прогласувањето на кризната состојба на територија на цела земја поради влошената состојба со пандемијата на коронавирус.

    Ангелов рече дека ако има потреба од поголем број сили за обезбедување на одредени објекти, тие можат да побараме од армијата да испрати повеќе луѓе за обезбедување. Но, вели тој, тоа нема да бидат луѓе кои со оружје ќе се шетаат по улица, бидејќи во земјава нема војна.

    „Се обидуваме да одговориме на ковид-кризата со најминимални средства“, кажа Ангелов.

    Владата завчера прогласи кризна состојба со траење од 30 дена, период во кој може да ги користи и ресурсите на приватните правни субјекти, вклучувајќи ги и приватните болници, кои за тоа ќе добијат кокмпензација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира