ЗА ПРОТЕСТИ СО БОЕЊЕ КАЗНИ ОД 50 ЕВРА И ЗА НАЈЧЕВСКА И ЗА ПИРОВСКА

    ЗА ПРОТЕСТИ СО БОЕЊЕ КАЗНИ ОД 50 ЕВРА И ЗА НАЈЧЕВСКА И ЗА ПИРОВСКА

    Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија и професорката Мирјана Најчевска добија казна од по 50 евра или општокорисна работа поради прекршок сторен за време на протестите од Шарената револуција.

    Казна од 50 евра во понеделникот доби и професорот Гордан Калајџиев, претседател на Хелсиншкиот комитет во Македонија. Директорката Пировска информираше дека и други две „соборки“ добиле покана за информативен разговор“.

    Пировска одбила да го потпише платниот налог, а Најчевска не ни влезе во полициската станица „Центар“ каде што беше повикана на информативен разговор.Таа пред тоа со црвена боја го обои влезот на станицата.

    „Признав дека фрлав боја и изјавив дека не се чувствувам виновна за тоа што сум го сторила, рече по краткиот информативен разговор Уранија Пировска, Извршна директорка на Хелсиншкиот комитет.

    Таа изјави дека на почетокот на разговорот на инспекторите им посочила за селективно постапување со демонстрантите од различни групи. „Ги потсетив за протестите што се случија пред општина Центар, за кој настан ниту еден од учесниците не беше повикан на разговор ниту, пак, трпеа било какви санкции. Исто така адвокатот ги потсети за настанот пред „Порта Македонија“ кога демонстрантка беше нападната од непознато лице, но се уште нема истрага“, рече Пировска, додавајќи дека е несоодветно за прекрошок лицата да бидат повикувани на полициски разговор.

    Професорката Мирјана Најчевска рече дека ќе испрати писмо до Министерството за култура со кое ќе побара да и се признаат авторските права за боењето на спомениците од „Скопје 2014“.

    “Министри од власта, краделе, мамеле, лажеле, убивале. Ние ги фативме на дело и заради тоа се обидуваат да ги корумпираат сите правосудни органи, полицијата, судовите, Уставниот суд. Се обидуваат да ги запрат граѓаните во барањето одговорност за секој кој направил криминално дело“, изјави Најчевска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира