ЗА ПРВИ МАЈ ФАТЕНИ 114 ВОЗАЧИ БЕЗ ДОЗВОЛА И 132 ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

    ЗА ПРВИ МАЈ ФАТЕНИ 114 ВОЗАЧИ БЕЗ ДОЗВОЛА И 132 ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛВоедно, со алкотест биле откриени и казнети 132 пијани возачи (Фото: СДК.МК)

    Во сообраќајните контроли на патиштата во целата држава, вчера за празникот Први мај, од вкупно 613 напишани казни, дури 132 прекршоци се однесувале на возачи кај кои после алкотестирање било утврдено недозволено количество на алкохол во крвта.

    Воедно биле откриени и 114 учесници во сообраќајот кои што немале возачка дозвола.

    И покрај секојдневните контроли и казнувања, совеста на возачите кои немаат положено возачки испит или од други причини немаат возачка дозвола, и натаму паѓа сè пониско, без размислување дека си го доведуваат во опасност првенствено својот, а потоа и животот на сопатниците и на учесниците во сообраќајот.

    Страшно е и со возењето под дејство на алкохол, како и учество во сообраќај со нерегистрирани, односно неисправни возила.

    Вчера биле издадени и 115 платни налози прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 42 мерки за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 37 лица кои не користеле сигурносен појас. Изречени се и 10 мерки за возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига како и седум санкции за возачи кои што говореле на мобилен телефон при возење.

    Согласно Законот за возила, 24 возила биле отстранети poради тоа што биле нерегистрирани, а четири возила poради техничка неисправност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира