За првпат се случи при договарање на буџет да се вклучи и институцијата Народен правобранител.
„За првпат се случува институцијата Народен правобранител, заедно со Владата да го договори буџетот. Уште повеќе, сакам да ве информирам дека имам причина и уверување дека со овој буџет ќе успеам да го спроведам без никакви проблеми или попречувања, кои барем досега беа голем хендикеп за институцијата Народен правобранител“, рече Народниот правобранител Иџет Мемети на денешната расправа во Собранието за буџетот за 2018 година.
Буџетот на народниот правобранител Иџет Мемети со новиот буџет 2018 година е зголемен за 4,2 отсто.
За власта буџетот е најреформски, а за опозицијата е најголем во историјата на Македонија.
Пратениците на власта тврдат дека парите од новиот буџет кој тежи 3,4 милијарди евра се насочени кон стопанство и граѓаните, додека пратениците на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ критикуваа дека буџетот е расипнички, и за луксузирање на власта, а не е за доброто за граѓаните.
„Предлог-буџетот ја покажува нашата цврста определба за ефикасно, домаќинско, транспарентно и општествено-корисно трошење на државните пари. Како што може јасно да се види од предлогот, народните пари ќе се трошат на вистински мерки кои ќе придонесат за подобрување на економијата и животот на граѓаните, а не на расипништво и непотребни проекти“, рече министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението на буцетот пред пратениците во собраниската Комисиај за финансирање и буџет.
Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека новиот буџет е вештачки креиран и не е реален.
„Повисоки планирани приходи се 10 милијарди се 10 милијарди 703 милиони денари. Од нив се 8 милијарди даноци и две милијарди придонеси. Ако се знае фактот дека дека прогресивното оданочување ќе биде во 2019 година, тогаш ве прашувам како ќе се зголемат приходите кога во изминатите неколку месеци ние имаме забавен раст на прибирање на приходите? Мала е бројката доколку планирате и казни поголеми да воведете, доколку не планирате да воведете некое ново даночно зголемување, кое пак ќе биде на товар на граѓаните?“, рече Кузмановска.
Г. ТРПЕНОСКИ