ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ВАНГЕЛОВСКИ И НА ДРУГИ СУДИИ УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ВИКА И ЕКСПЕРТИ ПО ИЗБОРИТЕ, КОГА ЌЕ СЕ ВИДИ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ

    ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ВАНГЕЛОВСКИ И НА ДРУГИ СУДИИ УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ВИКА И ЕКСПЕРТИ ПО ИЗБОРИТЕ, КОГА ЌЕ СЕ ВИДИ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИУставниот суд ќе оди докрај со иницијативата со која би се турнале сите постапки за разрешување на судии по стариот Закон за Судски совет, по кој последен од функцијата е разрешен поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски - (Фото: СДК.МК)

    Уставниот суд ќе оди докрај со иницијативата со која би се турнале сите постапки за разрешување на судии по стариот Закон за Судски совет, по кој последен од функцијата е разрешен поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски. На последната седница иницијативата против стариот и непостоечки закон (бидејќи има нов), не е отфрлена.

    Напротив, Уставниот суд одлучил да организира подготвителна седница на која ќе бидат повикани експерти. Но, ова е оставено за по изборите кои се закажани на 15 јули, откако ќе се знае кој ќе победи.  Стари иницијативи со години чекаат да дојдат и никако или едвај по 3-4 години доаѓаат на ред, а во меѓувреме на седница им се пробива пат на новоподнесените иницијативи.

    Поради ваквото калкулирање на деветтемина, а од април осум уставни судии, но и од ефикасноста и стручноста на повеќето од судиите во редовното судство, и најновата анкета на Националниот демократски институт од САД спроведена во јуни, е поразителна во однос на судството. Целосна доверба во судството имаат едвај 2 проценти од анкетираните.

    По 8 месеци седење во фиока откако беше одржана расправата, Уставниот суд за гласање утре го ставил членот 353 за злоупотреба на службената положба и овластувањата, за јавните набавки. Со него подносителот бара да се намали почетната казна затвор од 5 години на 4, со што би застареле случаите на СЈО, во кои се обвинети Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Елизабета Канческа-Милевска и други, но и истрагите за финансиски криминал од милионски суми кои се веќе распоредени од страна Државниот обвинител Љубомир Јовески.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира