УТРЕ ПОПЛАДНЕ СЕ ОЧЕКУВА НЕВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, НАЈАВИ УХМР

    УТРЕ ПОПЛАДНЕ СЕ ОЧЕКУВА НЕВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, НАЈАВИ УХМРНајавено е дека и Скопје ќе биде погодено од оваа нестабилност (Фото: СДК.МК)

    Управата за хидрометеоролошки работи предупреди дека утре во целата земја може да се очекува голема промена на времето, која ќе донесе пороен дожд и грмежи. Оттаму додаваат дека засега не може да се прецизира каде може да се очекува најсилно невреме, но Скопје ќе биде погодено од оваа нестабилност.

    „Под влијание на атмосферски фронт, утре во попладневните и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има невреме со силен дожд за кратко време, со над 20 литри на квадратен метар за шест часа, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и со услови за појава на град“, велат од УХМР.

    За разлика од Србија, Хрватска и Словенија, Македонија ова лето беше поштедена од чести временски непогоди, но од УХМР велат дека поради зголемена енергија и влага во атмосферата утре доаѓа нестабилност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира