ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ ПОРАДИ НОВИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК

    ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ ПОРАДИ НОВИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ

    Снег со слаб интензитет утрово паѓа низ цела Македонија и сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, информираат од АМСМ. Повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека, како и на кракот Маврово-Дебар.

    Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани-М. Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира