Премиерот Зоран Заев од денес до 14 мај ќе оди на одмор. Од Канцеларијата на премиерот велат дека тој ќе користи слободни денови поради приватни причини.
„Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај 2019 година ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини. Канцеларијата на претседателот на Владата ќе функционира непречено во периодот на приватното отсуство на премиерот“, велат од канцеларијата на премиерот.
Заев претходно најави дека ќе има има чистка во владата и партијата веднаш по изборите, бидејќи, како што кажа, ја примиле пораката од граѓаните на претседателските избори.