ЗАЕВ ПОБАРА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ДА БИДAТ НА 14 ЈУНИ, ОТИ НА 40 СТЕПЕНИ ВО ЈУЛИ НИКОЈ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ДА ГЛАСА

    ЗАЕВ ПОБАРА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ДА БИДAТ НА 14 ЈУНИ, ОТИ НА 40 СТЕПЕНИ ВО ЈУЛИ НИКОЈ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ДА ГЛАСАЗа прислушуваните разговори кои си ги пуштаат со ВМРО-ДПМНЕ овие денови, експремиерот Заев кажа дека не се тие битни граѓаните за кого ќе го дадат својот глас на избори, зашто анкетите покажале дека тие на избори гласаат за идеја, а не за тој кој повеќе ќе плука и ќе има повалкана кампања (Фото:СДК.МК)

    По денешната средба со претседателите на 23 од 26 партии од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, неговиот лидер Зоран Заев рече дека се согласиле оти на државата ѝ се потребни парламентарни избори веднаш, односно првиот момент штом за тоа се создадат услови.

    Ставот на оваа коалиција е да се гласа за нови пратеници на средината на јуни, нa 14-ти. Во јули е 40 степени целзиусови, ако не се на плажи, луѓето ќе бидат дома, на планина, улиците ќе бидат празни, рече тој, уверен дека со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се за избори во јули, ќе најдат консензус за јуни.

    „Во ситуација кога пикот на заразата со коронавирус е поминат, бројот на заразени се намалува, треба да се одржат изборите, зашто во такви услови нема ризик по здравјето на граѓаните, особено што наесен се очекува нов бран на вирусот. Дај Боже кризата да не се повтори, но ако се повтори, ќе останеме надвор од секакви уставни можности. Но на граѓаните им е потребно Собрание, кредибилни и функционални институции со полн легитимитет кои мерките ќе ги преточат во политики. Три месеци нема Собрание, функционира само влада, која е техничка“, бара избори Заев.

    За прислушуваните разговори кои си ги пуштаат со ВМРО-ДПМНЕ овие денови, експремиерот Заев кажа дека не се тие битни граѓаните за кого ќе го дадат својот глас на избори, зашто анкетите покажале дека тие на избори гласаат за идеја, а не за тој кој повеќе ќе плука и ќе има повалкана кампања. За вчерашните бомби кај што се слуша неговиот глас, кажа дека сите се предадени во СЈО,  а можно е Захир Беќири – Чауш, кој е член на СДСМ, да имал допир со некои материјали што ги преведувал од албански.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира