И денеска во седум средни училишта во Скопје стигнале закани за бомби. Наставата е прекината и екипи на Министерството за внатрешни работи вршат проверки.
„Денеска во СВР Скопје околу 9:30 часот е пријавено дека на електронската адреса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од МВР.