ЗАКОНИТЕ СЕ ДОБРИ, ТРЕБА ДА СЕ ПОДОБРИ НИВНОТО СПРОВЕДУВАЊЕ, СЕ ВЕЛИ ВО МИСЛЕЊЕТО НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА МАКЕДОНИЈА

    ЗАКОНИТЕ СЕ ДОБРИ, ТРЕБА ДА СЕ ПОДОБРИ НИВНОТО СПРОВЕДУВАЊЕ, СЕ ВЕЛИ ВО МИСЛЕЊЕТО НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА МАКЕДОНИЈАСоветото на Европа смета дека борбата против говорот на омраза и криминалот од омраза беше дополнително подобрена, но нејзината примена продолжува да биде незадоволителна. (Фото: Совет на Европа)

    Северна Македонија постигна значителен напредок во правната заштита на правата на лицата кои припаѓаат на националните малцинства, особено во полето на антидискриминација и употреба на албанскиот јазик, но треба да се подобри практичното спроведување на законодавството и политиките за националните малцинства, се вели во петтото мислење за Северна Македонија на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства (АЦФЦ) на Советот на Европа.

    Понатаму, во мислењето се вели дека Северна Македонија продолжува да ја применува Рамковната конвенција, првенствено за националните малцинства наведени во Уставот (Албанците, Бошњаците, Ромите, Србите, Турците и Власите), иако се применува одредена флексибилност во однос на непризнаените групи.

    Според АЦФЦ, пописот во 2021 година беше спроведен без поголеми проблеми, иако беа пријавени мали неправилности, а транспарентноста при обработката на собраните податоци ќе биде клучна за да се обезбеди доверба во резултатите од пописот откако ќе се објават.

    „Значително е подобрена правната заштита од дискриминација со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, кој исто така предвидува понезависно тело за еднаквост со зајакнат мандат“, се вели во мислењето.

    Но, таму е наведено дека ниту ова тело ниту Народниот правобранител не се опремени со соодветни ресурси за ефективно да ги исполнат своите мандати.

    АЦФЦ утврди дека правната рамка за борба против говорот на омраза и криминалот од омраза беше дополнително подобрена, но нејзината примена продолжува да биде незадоволителна и говорот на омраза, особено на интернет, е сериозен проблем. Имаше неколку случаи на кршење на човековите права од страна на полициските органи, вклучително и граничната и затворската полиција. Тие заклучуваат дека се ретки соодветните истраги за такви случаи или санкциите против припадниците на полицијата.

    А. МИХАЈЛОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира