Полицијата го заплени чаталот на Шарената револуција. Чаталот е најсилното оружје на шарените оти со него најдалеку се фрла боја. Денес со чаталот демонстрантите фрлија боја на највисоките делови од Портата кои досега беа нечепнати.
Чаталот заедно со муницијата е во комбето кое, исто како и возачот, е се уште во полициската станица „Пролет“.
Возачот и уште неколкумина демностранти беа приведени откако заврши протестот пред Собранието, но во полициската станица сега е само возачот. Пред станицата протестираат гражански активсти чиј број постојано се зголемува. Бараат објаснување за приведувањето и скандираат „Многу ни е добар чаталот“ и „Вака повеќе не обединувате“.