Координацијата на чекорите на патот кон членство во Европската Унија била една од клучните теми во денешниот телефонски разговор меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и македонската претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, според објавата на украинскиот претседател на социјалните мрежи.
„Дискутиравме за координирање на чекорите на патот кон членство во ЕУ. Благодарен сум за поддршката од Северна Македонија за Украина“, рече Зеленски.
Зеленски, исто така, кусо ја информирал Сиљановска-Давкова за тековните дипломатски напори на Украина насочени кон постигнување праведен мир во најскоро можно време.
Украинскиот претседател изразил благодарност за поддршката што Северна Македонија ѝ ја дава на неговата земја.
„Имаме силен формат на соработка меѓу Украина и Југоисточна Европа и продолжуваме да работиме заедно за да го направиме уште поефективен“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Тој најави и подготовки за следен самит на лидерите на земјите од регионот, нагласувајќи ја важноста од учеството на Северна Македонија.