ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП, НАЈМНОГУ КАЈ ДЕЦАТА ОД 5 ДО 14 ГОДИНИ

    ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП, НАЈМНОГУ КАЈ ДЕЦАТА ОД 5 ДО 14 ГОДИНИОд почетокот на вакцинацијата против грип,  вакцинирани се 54.109 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. (Фото: Министерство за здравство)

    Минатата недела за 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип, во споредба со претходната недела, а највисока инциденца е регистрирана кај возрасната група од 5-14 години, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Во периодот од 28 ноември до 4 декември регистрирани се 58 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната, со зголемување за 3,2 пати во споредба со минатата недела (18), намалено во однос и на минатата сезона и просекот.

    Заболените лица се регистрирани во Тетово – 28, Гостивар – 13, Кавадарци, Прилеп, Македонски Брод и Струмица – по 4 и Куманово – 1.

    Во однос на возраста, забележани се заболени во сите возрасни групи. Возрасната група 15-64 години бележи најголем број на заболени лица – 35, а највисока инциденца е регистрирана кај возрасната група од 5-14 години (6,5/100.000 жители).

    Од ИЈЗ препорачуваат дека најефикасна заштита од ова заболување е вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, особено за лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на Светската здравствена организација): постарите лица (над 65 години), деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, и здравствени работници.

    Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, вакцинирани се 54.109 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. Во однос на комерцијалните вакцини вакцинирани се 2.510 лица. Заклучно со 4 декмеври, во земјава вакцинирани се 56.619 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира