ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК ЗА ОНИЕ СО ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВА ОД 2019 ГОДИНА, НАЈАВИ ТЕВДОВСКИ

    ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК ЗА ОНИЕ СО ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВА ОД 2019 ГОДИНА, НАЈАВИ ТЕВДОВСКИМинистерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна расправа за предлог буџетот за 2018 година. (Фото: СДК.МК)

    Скалесто зголемување на персоналниот данок на доход ќе се применува од први јануари 2019 година, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна расправа за предлог буџетот за 2018 година.

    Тој кажа дека остануваат на определбата за воведување, како што кажа тој, поправедни даноци, особено на данокот за доход, каде што планираат зголемувањето да се однесува за оние со повисоки плати.

    Сепак, рече Тевдовски, не сакаме овие реформи да ги воведеме на сила, и планираме тие да стартуваат од 2019 година.

    „Пративме материјали за коментари во ММФ и во ЕУ за планираните реформи. Очекуваме носењето на законските измени да заврши до средината на следната година, а примената да почне од јануари 2019 година”, рече Тевдовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира