Околу 150 вработени – машински персонал вo „Македонски железници” поради неисплатени дневници и втората половина од платата за октомври од вчера протестираат и одбиваат да работат. Тие велат дека ова не е штрајк, туку протест затоа што не им е исплатена платата.
„Од вчера во прекин е товарниот железнички сообраќај, а од утрово и патничкиот. Со исклучок на меѓународниот воз Скопје-Солун, кој утрово го пропуштил еден од машиновозачите. Целокупниот железнички сообраќај е запрен”, вели Душко Чакаровски, машиновозач во „Македонски железници“.
Тој кажа дека бараат ноемвриската плата да им биде исплатена до 25 декември, во спротивно на 26 декември повторно ќе протестираат.