ЖЕРНОВСКИ ГИ СОБРАЛ ПОТРЕБНИТЕ 250 ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ ЗА ВТОР МАНДАТ ЗА ОПШТИНА ЦЕНТАР

    ЖЕРНОВСКИ ГИ СОБРАЛ ПОТРЕБНИТЕ 250 ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ ЗА ВТОР МАНДАТ ЗА ОПШТИНА ЦЕНТАРСДСМ сè уште немаат објавено кој ќе биде нивен кандидат за градоначалник на општина Центар - Жерновски и премиерот Зоран Заев - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, можно е да се кандидира како независен кандидат на претстојните локални избори, објави агенцијата МЕТА.

    Од агенцијата велат дека тој ги собрал законски потребните потписи за независна кандидатура, но не се прецизира нивниот број.

    Членот 62 од изборниот законик пропишува дека во општини во кои живеат помеѓу 30.001 и 50.000 жители, за независна кандидатура се потребни најмалку 250 потписи од запишаните избирачи во избирачкиот список.

    Според роковите на ДИК, независните кандидати имаат рок до понеделник да поднесат потписи за кандидатура.

    СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сè уште немаат објавено кој ќе биде нивни кандидат на изборите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира