ЗНМ МУ ДОДЕЛИ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА АЛЕКСАНДАР ЧОМОВСКИ

    ЗНМ МУ ДОДЕЛИ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА АЛЕКСАНДАР ЧОМОВСКИНовинарот Александар Чомовски на денешното доделување на годишните награди на ЗНМ. (Фото: ЗНМ)

    Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело е доделена на новинарот Александар Чомовски долгогодишен, реномиран новинар кој моментално е дел од Утрински Брифинг, соопшти Здружението на новинари на Македонија, кое денеска ги додели годишните новинарски награди. ЗНМ годинава одбележува 75 години од формирањето.

    „Чомовски со својата професионална работа во изминатите пет децении се вбројува како дел од врвните новинарски и уреднички имиња во македонските медиуми, со промоција на демократските вредности и негување и почит на новинарските стандарди, го одбележа медиумскиот простор на свој оригинален творечки начин“, велат од ЗНМ.

    Наградата „Јашар Еребара“ за годишно истражувачко новинарство ја поделија новинарите Христина Ѓорѓиевска за сторијата „Заробените бели дробови на градот“ објавена на дигиталната платформа „Види Вака“ и Јасмина Јакимова, Бојан Шашевски, Емилија Петреска како и Даниел Евросимоски за сторијата во две продолженија „По трагите на Лиса и Филипче, балканските рисови кои обединија три држави” и „Недопирливите убијци на балканскиот рис”, објавена на радио „Радио Моф“.

    Новинарот од Куманово Решат Ибраими од „News TV“ со својата видео сторија „Жалосна судбина на невестата од Албанија“ и колешката Александра Максимовска од МИА, дописник исто така од Куманово со својата тема „Правно невидливите лица од Куманово“ ја поделија годишната награда за известување на теми од локално и регионално значење за 2020 година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира