Имате слични производи. Цените не ви се многу различни. И двајцата се трудите околу клиентите. Можеби твојата продавница е дури и на подобра локација. А сепак, соседот продава повеќе.
Како е можно? Можеби одговорот воопшто не е во продавницата. Можеби е во она што се случува откако ќе се изгаснат светлата, ќе се заклучи вратата и ќе заврши работното време.
Додека твојата продавница е затворена, неговата продолжува да работи. Некој го гледа производот на твојот сосед на Инстаграм во 22:30 часот, веднаш влегува во неговата е-продавница и го купува. Друг купува додека чека превоз. Трет нарачува од друг град.
Овој начин на купување веќе е навика на голем број „дигитални“ купувачи. Дали знаеш дека дури две третини од интернет корисниците во земјата веќе купуваат онлајн. А пазарот расте брзо: вредноста на онлајн трансакциите во земјава во 2025 година достигна 950 милиони евра, што е раст од 32 % за една година.
Тоа е многу важна промена. Купувачите не исчезнале, туку се преселиле. Сè уште разгледуваат, споредуваат, бираат, купуваат, но го прават тоа кога нив им одговара, а не само кога твојата продавница е отворена.
Токму затоа e-commerce не е само „уште еден канал за продажба“. За еден трговец, онлајн продавницата практично значи уште една продавница, која нема класично работно време и физичка локација.
Затоа, e-commerce услугата на Комерцијална банка може да направи важна разлика. Таа овозможува твојата е-продавница да прифаќа онлајн плаќања со Visa и Mastercard од домашни и странски купувачи. Тоа значи дека потенцијалниот клиент повеќе не мора да живее во твојот град, ниту да стигне пред затворање.
Но, продажбата е само едната страна на приказната. Кога зад е-продавницата има десетици или стотици трансакции, важно е трговецот да знае што се случува со секоја од нив. Затоа услугата овозможува целосна евиденција на трансакциите и дополнителни извештаи, како и целосно или делумно рефундирање кога е потребно.
А може да се поедностави и самиот процес на купување. Зачувување картичка за следното купување, повторувачки наплати, плаќање преку мобилни апликации..Со други зборови, помалку чекори меѓу „го сакам ова“ и „го купив“.
А што ако сѐ уште не си решен за е-продавница? Тогаш не мора првиот чекор да биде голем. Со Pay by link на Комерцијална банка, бизнисите кои сè уште немаат е-продавница можат да овозможат едноставна и безбедна онлајн наплата преку линк за плаќање.
Следниот пат кога ќе се запрашаш зошто соседната продавница работи подобро, погледни подалеку од излогот. Онлајн продавницата има отворена врата секогаш кога купувачот е подготвен да влезе.
*Комерцијален текст



