ЗВРЛЕВСКИ ДА ГИ ОТКРИЕ АВТОРИТЕ НА НЕКРОЛОЗИТЕ НА АМБАСАДОРИТЕ, ПОВИКА СИНДИКАТОТ НА ДИПЛОМАТСКАТА СЛУЖБА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗВРЛЕВСКИ ДА ГИ ОТКРИЕ АВТОРИТЕ НА НЕКРОЛОЗИТЕ НА АМБАСАДОРИТЕ, ПОВИКА СИНДИКАТОТ НА ДИПЛОМАТСКАТА СЛУЖБА

    Синдикатот на македонската дипломатска служба го повика Јавното обвинителство на Марко Зврлевски да отвори истрага по допрен глас и да ги открие авторите на на објавените некролози со странски амбасадори во Македонија на социјалната мрежа Имгур. Од Синдикатот велат дека амбасадорите уживаат меѓународна заштита и никој не смее да им се заканува на претставниците на странските држави во Македонија, а државата е должна да ги заштити кога се на наша територија, а преку членот 29 од Виенската конвенција за дипломатски односи и формално и императивно се имаме обврзано.

    „Јавно го повикуваме раководството на македонското Јавно обвинителство најитно и најсовесно да ги искористи своите законски овластувања во сферата на истражувањето на сторувањето кривични дела и да ги открие физичките лица – автори на објавувањето некролози на редица странски амбасадори во државата Македонија на социјалната мрежа Имгур, инаку веќе затворена. Работата на ЈО е многу олеснета во случаите кога државни функционери на своите Фејсбук профили отворено ги навредуваат, омаловажуваат, па дури им се закануваат на странските претставници што беа инволвирани во тнр. ‘Пржински договор’, инаку уредно потпишан и од политичката партија на која тие функционери припаѓаат“, велат од Синдикатот на македонската дипломатска служба.

    Неколку дена по обраќањето на Груевски на протестот пред ДИК, на веб-страницата „Имгур“ се појавија некролози на дел од сегашните и од поранешните амбасадори во Македонија

    Неколку дена по обраќањето на Груевски на протестот пред ДИК, на веб-страницата „Имгур“ се појавија некролози на дел од сегашните и од поранешните амбасадори во Македонија

    Синдикатот му порачува на Јавното обвинителство да процени дали се работи за „сериозна закана“ по овие лица под меѓународна заштита, а што е санкционирано со членот 420 став 1 од Кривичниот законик, и тоа со затвор.

    „Доколку истрагата укаже дека не се работи за сериозна закана, тогаш тоа ќе значи дека авторите ги сториле кривичните дела утврдени во членовите 181 односно 182 од Кривичниот законик или поточно ги изложиле на подбив овие странски претставници, бидејќи е и смешно и тажно овие некролози да се толкуваат како заштита на јавен интерес или нешто слично. Потсетуваме дека со законските измени на овие одредби не е веќе потребно тие, значи самите странски претставници, самите да поднесат кривична пријава туку Јавното обвинителство треба да постапува по основа на тнр. ‘допрен глас’“, додаваат од Синдикатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира