УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЗАГИНА ВО ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА ВО КИЕВ СО 18 ЖРТВИ

    УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЗАГИНА ВО ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА ВО КИЕВ СО 18 ЖРТВИХеликоптерот се урна близу градинка и станбена зграда

    Осумнаесет луѓе загинаа, меѓу кои и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, откако хеликоптер се урна близу градинка во источно предградие на Киев. Меѓу загинатите се и три деца, а уште 15 се префрлени во болница.

    Покрај Монастирски, во несреќата во Бровари загинале и заменик-министерот Јевхен Јенин и државниот секретар Јури Лубкович, кажаа официјални лица.

    Шефот на националната полиција Игор Клименко изјави дека хеликоптерот ѝ припаѓал на украинската служба за итни ситуации. По падот на хеликоптерот, избувнал пожар близу градинката, од која биле евакуирани децата и вработените.

    Локалните медиуми јавуваат дека било мрачно и магливо кога хеликоптерот прво удрил во градинката пред да падне покрај станбена зграда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира