20-ГОДИШНИОТ АТЕНТАТОР НА ТРАМП БИЛ РЕГИСТРИРАН РЕПУБЛИКАНЕЦ И ГОДИНАВА ПРВПАТ ЌЕ БИЛ НА ВОЗРАСТ ДА ГЛАСА

    20-ГОДИШНИОТ АТЕНТАТОР НА ТРАМП БИЛ РЕГИСТРИРАН РЕПУБЛИКАНЕЦ И ГОДИНАВА ПРВПАТ ЌЕ БИЛ НА ВОЗРАСТ ДА ГЛАСАСи-Ен-Ен објави снимка од очевидци на атентатот, каде се гледа убиениот атентатор Томас Метју Крукс од Бетел Парк, Пенсилванија.

    ФБИ го идентификуваше 20-годишниот Томас Метју Крукс од Бетел Парк, Пенсилванија како осомничен за вчерашниот обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг. Осомничениот бил застрелан и убиен од Тајната служба неколку секунди откако тој наводно пукал кон бината каде што Трамп говореше во Батлер, Пенсилванија. ФБИ соопшти дека работи на утврдување на мотивот за нападот, во кој загина еден од присутните на митингот, а двајца гледачи беа тешко повредени. Трамп беше застрелан во уво.

    Во нова објава на својата социјална мрежа, денеска Трамп повика на единство се заблагодари и на „сите за вашите мисли и молитви вчера, бидејќи само Бог спречи да се случи незамисливото“.

    „Нема да се плашиме, но наместо тоа, ќе останеме издржливи во нашата вера и пркосни пред лицето на Злобата. Нашата љубов е кон другите жртви и нивните семејства“ и рече Трамп и додаде дека се моли „за закрепнување на оние кои беа ранети и го чува во нашите срца споменот на граѓанинот кој беше толку ужасно убиен“. „Во овој момент, поважно е од кога било да застанеме обединети и да го покажеме нашиот вистински карактер како Американци, да останеме силни и одлучни и да не дозволиме злото да победи“, објави Трамп.

    Трамп рече и дека ќе говори на Националната конвенција на Републиканците, која започнува утре во Милвоки. На конвенцијата се очекува Трамп и официјално да биде прогласен за републикански кандидат за претстедател на престојните избори на 5 ноември.

    Државните гласачки записи покажуваат дека Крукс бил регистриран републиканец. За изборите на 5 ноември ќе беше првпат Крукс да е доволно возрасен за да гласа во претседателска трка.

    Крукс живеел на околу еден час оддалеченост од местото каде што се пукало во Батлер. Федералната управа за авијација денеска соопшти дека го затворила воздушниот простор над Бетел Парк поради „посебни безбедносни причини“.

    Кога Крукс имал 17 години, тој дал донација од 15 долари за АктБлу (ActBlue), политички акционен комитет кој собира пари за левоориентираните и демократските политичари, според пријавата на Федералната изборна комисија од 2021. Донацијата беше наменета за Прогресивен Проект за излезност, национална група која ги собира демократите да гласаат, а дадена на 20 јануари 2021, на денот кога претседателот Џо Бајден положи заклетва. Групите не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

    Таткото на Крукс, Метју Крукс (53), за Си-Ен-Ен изјави дека се обидува да открие што се случило и ќе почека додека не разговара со властите пред да зборува за својот син. Според полицијата, Метју пред 6 месеци го купил оружјето со кое пукаше син му во атентатот.

    Томас Крукс дипломирал во 2022 во гимназијата во Бетел Парк, според „Питсбург трибјун-ривју“. Тој доби награда „ѕвезда“ од 500 долари од Националната иницијатива за математика и наука, според весникот.

    Властите вчера рекоа дека Крукс не носел идентификација на местото на пукањето и морало да биде идентификуван со други методи.

    „Ги гледаме фотографиите во моментов и се обидуваме да добиеме биометриска потврда според неговата ДНК“, рече Кевин Роек, специјален агент на ФБИ, одговорен за брифингот со новинарите.

    „УСА тудеј“ објави дека десетици полициски возила биле стационирани пред куќата на адресата наведена од Крукс во евиденцијата за регистрација на гласачите. Агенти од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви биле на местото на настанот, а во куќата има екипа за бомби.Периметарот на куќата на осомничениот денеска е изолиран со жолта полициска лента за претпазливост. Надвор беше паркирано возило на полицијата во округот Алегени.

    Ројтерс не можеше веднаш да ги идентификува профилите на социјалните мрежи или други онлајн објави на Крукс. Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, не одговори веднаш на прашањата дали платформите отстраниле какви било профили поврзани со осомничениот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира