АКО РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП, ЌЕ ПРЕПОРАЧАМЕ ДА СЕ ОДЛОЖИ ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ, РЕЧЕ АНДОНОВСКА ОД ИЈЗ

    АКО РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП, ЌЕ ПРЕПОРАЧАМЕ ДА СЕ ОДЛОЖИ ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ, РЕЧЕ АНДОНОВСКА ОД ИЈЗДиректорката на ИЈЗ Андоновска кажа дека во периодот од 29 декември до 4 јануари пријавени се 1.725 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела, кога биле 771. (Фото: СДК.МК)

    Зголемениот број на заболени од грип не е нешто невообичаено и е очекувано за овој период од годината. Пикот на сезонскиот грип го очекуваме во втората половина од јануари, кога ќе почне второто полугодие од учебната 2025/2026 година, до првата половина од февруари, рече денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Марија Андоновска. На новинарско прашање дали ќе препорачаат одложување на почетокот на второто полугодие, Андоновска рече дека ќе ја следат  состојбата и во зависност од бројките на заболени, ќе дадат препораки до Министерството за образование и наука (МОН).

    Директорката кажа дека во периодот од 29 декември до 4 јануари пријавени се 1.725 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела, кога биле 771.

    Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со првата недела од минатата сезона (331) е зголемен за 5,2 пати, а во споредба со бројот за првата недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 15 сезони) (1.244), зголемен е за 38,7% .

    „Откако во текот на минатата недела (52-ра недела/2025) беше надмината границата за влез во сезона на грип (22,03/100.000), во текот на првата недела од 2026 година, пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност (И=92,52/100.000) на вирусот на грип на национално ниво“, рече д-р Андоновска.

    Според возрасната дистрибуција, 749 лица се на возраст од 15-64 години, 618 – деца на возраст од 5-14 години, 229 – деца на возраст од 0-4 години и 129 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (287,7/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

    Најмногу заболени се пријавени во Скопје, 716, па во Тетово – 339, Куманово – 150, Велес – 109,  Штип – 60, Дебар – 54, Гостивар – 49, Прилеп- 45, Охрид – 44, Битола – 40, Струмица – 38, а во Кавадарци, Неготино, Струга, Демир Хисар, Виница, Македонски Брод и Радовиш, бројот на заболени е помал од 30.

    Во Дебар се бележи многу висока активност на грипот, во Велес и Тетово висока активност, средна активност се регистрира во Скопје, Куманово и Штип.

    Во сезоната 2025/2026, вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 3.825. Во споредба со истиот период од минатата сезона (н=1.355), бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,8 пати, а во однос на моделот од последните 15 сезони (3.173) се регистрира зголемување од 20,6%.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира