ДА ГИ РЕШИМЕ ЕТНИЧКИТЕ ПРАШАЊА ВО ПАКЕТ, ПА ДА СЕ ФОКУСИРАМЕ НА ЕКОНОМИЈА И АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ ЗА МЕНУВАЊЕТО НА ГРБОТ И ХИМНАТА

    ДА ГИ РЕШИМЕ ЕТНИЧКИТЕ ПРАШАЊА ВО ПАКЕТ, ПА ДА СЕ ФОКУСИРАМЕ НА ЕКОНОМИЈА И АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ ЗА МЕНУВАЊЕТО НА ГРБОТ И ХИМНАТАМинистерот за здравство Арбен Таравари на отворање нов педијатриски пункт во Поликлиника Битпазар. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека треба да се решат „етничките прашања“ за да може потоа се фокусираме на „економија, антикорупција и евроинтеграции“. Таравари, кој е еден од лидерите на коалицијата Влен, вели дека темите, како менување на државниот грб и химната, досега се ставале под тепих, додавајќи дека тие теми, како и други етнички прашања, треба сега да се решат во пакет.

    „Македонија е една од ретките посткомунистички држави каде што химната и грбот не се сменети. Јас зборувам во име на Влен, ние сме подготвени да седнеме и да разговараме за сè. Значи, за жал во минатиот период повеќе така да речам осетливи теми се ставаа под тепих и некако се сокриваа, не сакавме да се соочиме. Ние сме подготвени да разговараме за пакет на мерки кои што се останати нерешени во минатите дваесет, триесет години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20% и други ако има етнички прашања и да се фокусираме, да се сконцентрираме веќе на економија, антикорупција, евроинтеграции, тоа што ни се најбитни теми, оти луѓето највеќе ова ги интересира, подобри плати и подобар живот“, кажа Таравари, одговарајќи на новинарско прашање на настан во поликлиниката Битпазар.

    Премиерот Христијан Мицкоски завчера кажа дека прашањето за државниот грб е отворено во владината коалиција.

    „Знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на државниот грб, тоа беше пред неколку години, ако не се лажам во 2014, 2015 година. Ние ова прашање го отворивме и ценам дека ние сме една од двете држави постсоцијалистички кои што се уште државниот грб го имаат оној стариот со некои модификации. Но, кратко да кажам: имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бевме во иста влада, кога таа влада ја водеше Никола Груевски“, рече тогаш Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира