ЏАФЕРИ ЗАКАЖА СЕДНИЦА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО, АМА ОТВОРИ ВРАТА ЗА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО

    ЏАФЕРИ ЗАКАЖА СЕДНИЦА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО, АМА ОТВОРИ ВРАТА ЗА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВОСобранискиот спикер Талат Џафери закажа и уште една едница за утре во 15 часот за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи. - Џафери, координаторот на СДСМ Јован Митревски и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на вечерашната седница (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери закажа седница за распуштање на Собранието в недела (16 февруари) во 12 часот. Закажа и уште една за утре во 15 часот за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи. Тоа Џафери го соопшти вечерва по целодневно чекање на сите пратеници да почне седницата за Законот за Јавно обвинителство која што вечерва практично и не почна.

    Џафери го искоментира и Фејсбук статусот на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, кој напиша дека „доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори“. Џафери ги повика партиските лидери на лидерска средба утре, велејќи дека ако имаат потреба да создадат друго мнозинство, во текот на утрешниот ден да имаат состанок согласно Пржино и уште еднаш да ја потврдат желбата за избори.

    Џафери додаде дека не е начинот и стилот по Фејсбук да се пишуваат навреди за него бидејќи, како што кажа, бил коректен со сите партии и пратеници во изминативе години додека седи на претседателското столче.

    Седницата за Законот за ЈО вечерва воопшто не почна, бидејќи кај Џафери се пријавиле 30 пратеници за дискусија и тој рече дека по оваа точка ќе се продолжи утре во 11 часот.

    Во меѓувреме, во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има радост кај некои пратеници, засегнати од истраги и обвиненија во неколку случаи на обвинителствата, и цел ден овие пратеници тврделе пред колегите дека напнатоста може да спласне, бидејќи ДУИ ја презема контролата врз (не)носењето на законот. ДУИ во последен момент се премисли околу носењето на овој закон, за кој цело време потенцирааа дека ја даваат поддршката и дека бил многу важен за почеток на преговорите со ЕУ.

    Денеска, ДУИ гласањето за Законот за ЈО го услови со прекројување на шестата изборна единица каде што доминира албанско население, односно со измена на Изборниот законик

    Никој друг со ова во Собранието не се согласува, а извори на САКАМДАКАЖАМ.МК од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека и тие шестмина пратеници нема да гласаат буквално во 5 до 12 за прекројување на граници на изборна единица.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира