Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски го прогласи кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски за председател на државата.
Дерковски му честиташе и најави дека денеска напладне ќе му го врачи на Пендаровски уверението за Претседател на Република Северна Македонија.
На денешната куса седница Дерковски ги сооошти конечните резултати од гласањето на петти мај 2019 година.
За кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Гордана Сиљановска гласале 377. 446 граѓани.
За кандидатот на СДСМ поддржан од 30.тина други партии, гласале 435.656 граѓани.
С. К. ДЕЛЕВСКА