ДВАЈЦА ВОЈНИЦИ РАНЕТИ ВО ТЕТОВСКАТА КАСАРНА

    ДВАЈЦА ВОЈНИЦИ РАНЕТИ ВО ТЕТОВСКАТА КАСАРНАНеофицијално, војниците се повредени од невнимание. - Касарната во Тетово (архивска фотографија)

    Изутринава во тетовската клиничка болница донесени се двајца војници со прострелни рани. Според директорот на тетовската болница Флорим Бесими, двајцата војници имале прострелни рани од огнено оружје во пределот на карлицата.

    Врз нив веднаш е извршена хируршка интервенција, но поради сериозноста на повредите се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.

    Неофицијално, според првичните информации од тетовската касарна, војниците се повредени од невнимание.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира