Сите 35 обвинети се изјаснија за невини на денешното судско рочиште за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс” во Кочани на 16 март 2025 година, кога загинаа 63 млади луѓе и деца, а над 200 беа повредени.
За невини се изјаснија и претставниците на трите обвинети фирми, меѓу кои и таа за обезбедување „Рубикон”, чиј сопственик Александар Нацев е меѓу обвинетите, а чии вработени, по инструкции на менаџментот, дозволиле да се внесе и употреби пиротехниката која го запали објектот.
Шокот кај родителите во црнина во публиката, почна со изјаснувањето на газдата на „Пулс” Дејан Јованов-Деко за апсолутно невин за трагедијата. Се редеа натаму сите останати 34 невини, од кои најголем се чудеа како воопшто се нашле во обвинението.
Родителите негодуваа, реагираа негативно, судијката Дијана Груевска-Илиевска ги замоли да овозможат да се работи во тишина.
За невини се изјаснија и Михаил Стојанов, синот на газда Деко, поранешните градоначалници Љупчо Папазов и Ратко Димитровски, ексминистрите Ваљон Сарачини и Крешник Бектеши…
С. К. ДЕЛЕВСКА



