Утрово изби пожар во Универзална сала во Скопје, која се реконструира. Црн чад и голем оган се шират низ објектот.
Универзална сала почна да се реновира пред еден месец, а надлежно за реконструкција е Министерството за култура. Сѐ уште нема информации што е причината за пожарот.
Од Центарот за управување со кризи потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК дека се запалила куполата на салата и во моментов интервенира Пожарната бригада на Град Скопје.
Новата купола беше ставена пред 10 дена и тогаш беше најавено дека таа ќе свети ноќе. Градежните работи ги изведува фирмата „Универзал-Балкан“, а проектант е Бујар Муча од „Мегарон инженеринг“.
А. АНТЕВСКА