ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА АРСОВСКА НАПАДНАТА НА БИТ ПАЗАР ПРИ УВИД ВО ДИВОГРАДБА

    ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА АРСОВСКА НАПАДНАТА НА БИТ ПАЗАР ПРИ УВИД ВО ДИВОГРАДБААрсовска била нападната од 30 луѓе додека била на увид на дивоградба на Бит Пазар спороти Полициската станица Чаир. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска е нападната во Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР).

    „На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А. Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на улица Кумбара физички била нападната градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во Градската општа болница ГОБ ‘8 Септември’ за укажување лекарска помош“, соопшти МВР.

    Од ГОБ „8 Септември“ ни изјавија дека Арсовска била примена во Ургентен центар видно вознемирена и со контузии од удирање со клоци и тупаници. Прегледана е од специјалисти.

    Од Кабинетот на Арсовска ни изјавија дека таа во моментов е на Ургентен центар во „8 Септември“ и ѝ се укажува помош, а била нападната од 30 луѓе, додека била на увид на дивоградба на Бит Пазар спроти Полициската станица во Чаир. Вработени од Град Скопје кои биле со неа на увидот велат дека е најстрашно што нападот се случила пред полициската станица, а станува збор за дивоградба која неколкупати е пријавувана кај надлежните институции.

    Од Кабинетот најавија дека Арсовска ќе даде изјава за јавноста откако ќе излезе од Ургентниот центар.

    Градоначалниката Данела Арсовска на 31 мај достави документи за незаконски легализации на дивоградби во Обвинителството, а на 27 јуни до до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) достави докази за нови, како што рече, криминални легализации од градоначалникот Висар Ганиу.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира