И ПО ОПЕРАЦИЈАТА НА КИЛА НА ТЕСТИСИ, ОСУДЕНИОТ РЕМЗИ МИФТАРИ ОД „ДУРМО ТУРС“ ГО НЕМА ДА ДОЈДЕ ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“

    И ПО ОПЕРАЦИЈАТА НА КИЛА НА ТЕСТИСИ, ОСУДЕНИОТ РЕМЗИ МИФТАРИ ОД „ДУРМО ТУРС“ ГО НЕМА ДА ДОЈДЕ ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“И шест месеци по пресудата, главните осудени Дурмиш Белули и Ремзи Мифтари кои речиси истовремено беа на операција од кила на тестиси, се уште не се во затвор (Фото: СДК.МК)

    Еден од главните осудени за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 патници, Ремзи Мифтари, кој покрај газдата на компанијата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, доби исто така казна 10 години затвор, не дојде во затворот „Идризово“.

    „’КПУ ‘Идризово’ во петокот на 7.11.2025 година испрати известување до судијата за извршување на санкциите во Основниот суд Гостивар дека правосилно осудениот Ремзи Мифтари не се јави за одлежување на казната според дадениот рок во упатниот налог од судијата. Ако Гостиварскиот суд го добил известувањето, треба да следи наредба за присилно спроведување на осуденото лице во затворот ‘Идризово’“, изјави денеска за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот Зоран Јовановски.

    Како што пишувавме, Мифтари и Белули влегувањето во затвор го одлагаат подолго време. Тие истовремено отидоа и на операција од кила на тестиси. На одговорниот за транспорт во „Дурмо турс“ Ремзи Мифтари одлагањето на казната одамна му истече, а на газдата Дурмиш Белули ќе му помине за една недела. По истекот на одлагањето ќе мора и тој да се јави во „Идризово“, каде се одлежуваат казните од 10 години нагоре.

    Двајцата добија правосилни пресуди уште на 9 мај годинава, но нивното затворање оди тешко. На 9 мај Апелациониот суд Скопје на газдата Дурмиш Белули повеќе од двојно му ја зголеми затворската казна, т.е. од четири, на десет години. На Ремзи Мифтари му ја зголеми од од шест на десет години затвор.

    Автобуската несреќа се случи во 2019 година. Загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира