ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК НЕ ПОМИНАА ВО СОБРАНИЕТО ПОРАДИ БАДЕНТЕР, ГРАЃАНСКИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ НЕ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВААТ НА ИЗБОРИТЕ

    ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК НЕ ПОМИНАА ВО СОБРАНИЕТО ПОРАДИ БАДЕНТЕР, ГРАЃАНСКИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ НЕ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВААТ НА ИЗБОРИТЕНа комисиската расправа беше прифатен предлогот на Левица прагот да се намали за 0,5 проценти и овој амандман беше прифатен од пратениците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. - „Зелен хуман град“ денеска протестираше пред Собранието. (Фото: К. Попов)

    Измените на Изборниот законик кои денеска беа ставени на дневен ред на итна седница на Собранието не беа изгласани бидејќи немаше Бадентерово мнозинство. Со тоа нема да има законско решение како независните граѓански иницијативи ќе можат да учествуваат на изборите, односно колкав број потписи ќе им биде потребен.

    Според измените на Изборниот законик, се предлагаше независните кандидати наместо со потписи од 1 процент од вкупниот број запишани избирачи во една изборна единица, да можат да се кандидираат за избори со 0,95% од вкупно запишаните во една изборна единица. На комисиската расправа беше прифатен предлогот на Левица прагот да се намали за 0,5 проценти. Овој амандман беше прифатен од пратениците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и измените со намалениот процент беа ставени на гласање.

    На првото гласање, за кое беше потребно мнозинство од вкупниот број пратенци, измените беа изгласани бидејќи за нив гласаа 66 од присутните 85 пратеници. „За“ беа сите пратенички групи освен пратениците од албанската опозиција, односно „Европски фронт“. Бидејќи во делот на Изборниот законик кој се однесува за изборите е потребно и Бадентерово гласање, при гласањето немаше мнозинство, односно 18 пратеници од „Европскиот фронт“ беа „против“, а „за“ беа 11 пратеници.

    Пратениците од „Европскиот фронт“ рекоа дека нема да гласаат за Избирниот законик бидејќи со него не се дозволува на изборите да гласаат иселениците и нив ги нема во избирачкиот список, со што бројот на советниците од албанските партии ќе биде помал.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кажа дека сите политички партии се согласиле граѓанските иницијативи со 0,95 проценти да учествуваат на изборите, а „Европскиот фронт“ го блокира тоа.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира