ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН, ПОГОДЕНИ ДЕСЕТИЦИ НУКЛЕАРНИ И ВОЕНИ МЕТИ

    ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН, ПОГОДЕНИ ДЕСЕТИЦИ НУКЛЕАРНИ И ВОЕНИ МЕТИИзраел кажа дека операцијата ќе трае колку што биде потребно за да се отстрани заканата од Иран (Фото: АП)

    Израел изведе голем напад врз Иран, чија мета биле нуклеарни постројки, фабрики за балистички проектили и командни центри на војската, велејќи дека ова е почеток на продолжена операција која треба да го спречи Иран да произведе атомско оружје. Во нападот е убиен шефот на иранската војска Мохамад Багери.

    Иранските медиуми известија за експлозии, вклучувајќи и во главниот објект за збогатување ураниум во Натанз, додека Израел прогласи вонредна состојба во очекување на одмазднички напади со проектили и дронови.

    Иранската револуционерна гарда потврди дека во нападот загинал нејзиниот главен заповедник Хосеин Салами, а државните медиуми објавија дека било погодено седиштето на гардата во Техеран. Се додава дека во главниот град загинале и неколку деца.

    Се наоѓаме во решавачки момент во историјата на Израел. Ја лансиравме операцијата ‘Исправен лав‘, насочена воена операција за спречување на иранската закана по опстанокот на Израел. Операцијата ќе трае колку што биде потребно за да се отстрани таа закана“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

    Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи кажа дека „Израел ја ослободил својата зла и крвава рака во злосторство против Иран“ и додаде дека ќе го снајде горчлива судбина.

    Од израелската војска кажаа дека се погодени десетици нуклеарни и воени мети. Еден функционер изјави дека Иран имал доволно материјал да направи 15 атомски бомби.

    САД објавија дека не учествуваат во операцијата, која се заканува дополнително да ги разгори тензиите на Блиски Исток. Покрај воздушните напади, шпионската агенција Мосад кажа дека извела серија саботажи во Иран, кои имале за цел да ги оштетат иранските противвоздушни способности и стратешки ракетни локации.

    Иранските медиуми објавија дека во нападите загинале најмалку двајца ирански нуклеарни научници.

    По превентивниот напад на Израел против Иран, во скоро време се очекуваат напади со ракети и дронови врз државата Израел и нејзиното цивилно население“, рече министерот за одбрана Израел Кац.

    Началникот на генералштабот на израелската војска Ејал Замир рече дека се повикани десетици илјади војници, кои се подготвени на сите граници.

    Ние сме среде историска кампања каква што досега не е видена. Ова е критична операција за да се спречи егзистенцијална закана од непријател кој има намера да нѐ уништи“, рече Замир.

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран не може да има нуклеарна бомба, надевајќи се дека ќе се врати на преговарачка маса. Трамп ќе свика состанок на Советот за национална безбедност денеска, соопшти Белата куќа. Тој вчера рече дека израелски напад врз Иран би можел да се случи, но ги повтори своите надежи за мирно решение.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира